Ракетата на Илон Муск е опасна за човештвото, НАСА да ја забрани

од desk4
110 прегледи

Независната комисија за безбедност на вселенските летови (ASAP) и препорача на НАСА да не и даде сертификат на програмата SpaceX за употреба во комерцијални цели.

Според експертите, критичните слабости на ракетите Falcon 9, кои беа причина за експлозијата на ракетата на лансирната рампа во 2016 година, се уште не се отстранети.

Научниците сметаат дека во оваа врска нема да е излишно да се преиспита пристапот кон гарантирањето на безбедноста на човечките летови: цената на корисниот товар може да биде вратена од осигурителните компании, но загинувањето на екипажот на вселенскиот брод може да стави крст на целата вселенска програма на САД.

Експертите наведуваат дека редизајнирањето на системите за довод на гориво и струјата на моторите по експлозијата на ракетата од 2016 година во пракса не влијае на безбедноста на ракетите – затоа НАСА и специјалистите од SpaceX почнаа со работа врз принципиелно нова конструкција на горивните резервоари за ракетите Сокол 9.

Во извештајот на ASAP се забележува дека ниту SpaceX, ниту нејзините директни конкуренти од Boeing во моментот не можат да стигнат до прифатливо ниво на безбедност на вселенските стартови.