204
Најмалку две експлозии одекнаа во Киев, а чад беше видлив од сите делови на градот, јавува дописник на „Ројтерс“.
Експлозиите уследија по предупредувањето за воздушна закана ширум Украина, неколку часа откако претседателот Владимир Зеленски им се обрати на лидерите на Г-20 преку видео врска на самитот на Бали.
„Русија на моќниот говор на Зеленски на самитот на Г-20 одговори со нов ракетен напад. Дали некој сериозно мисли дека Кремљ навистина сака мир? Тој сака послушност. Но, на крајот на денот, терористите секогаш губат“, напиша на Твитер Андриј Јермак, началникот на кабинетот на претседателот на Украина, пренесе „Ројтерс“.