Ракометарите кршеа лепче, паричката кај еден од помладите (ФОТО)

од Nikola Popovski
297 прегледи

Македонската ракометната репрезентација го одбележа големиот христијански празник Бадник.

Нашите ракометари утринава го кршеа лепчето, а паричката падна кај еден од помладите членови Мартин Серафимов.

-Му посакуваме среќна и бериќетна година, објавија од Ракометната федерација на Македонија.

Серафимов е член на РК Алкалоид и настапува на позицијата денес бек.

Репрезентацијата традиционално Бадник го прославува заедно, бидејќи подготовките за големите натпреварувања речиси секогаш се во јануари.

Репрезентацијата е на крај со подготовките за настап на Европското првенство, чиј домаќин во јануари ќе биде Унгарија, а „црвено – жолтите“ своите натпревари во групната фаза против Словенија, Црна Гора и Данска ќе ги играат во Дебрецин.

Слични содржини