Ракометарот Стојанче Стоилов е спортист на годината

од Nikola Popovski
251 прегледи

Капитенот на ракометниот клуб Вардар, Стојанче Стоилов, е избран за најдобар македонски спортист во 2019 година, во традиционалниот избор кој го организираат Агенцијата за млади и спорт, и Сојузот на спортски федерации.

Каратистката Пуликсенија Јованоска е прогласена за најдобра спортистка во 2019 година, додека најуспешен спортист за лица со попреченост е Оливера Наковска Бикова.  

Тим на годината во машка конкуренција е одбојкарската репрезентација, а женски тим на годината се ракометарките.

Во категоријата тренер-селектор, признанието му припадна на Сашко Арсовски, кој е предводник на најдобрите каратисти.

Одбојкарот Никола Ѓорѓиев доби награда за посебни достигнувања во спортот. Најдобра национална спортска федерација е ракометната федерација. 

Слични содржини