Среде пандемија на коронавирусот и поради сомневање дека вирусот потекнува од лилјаци, кинеската влада издаде регулатива во која се утврдува кое животинско месо им е дозволено на граѓаните да го користат во својата исхрана.
Пекинг привремено ја забрани трговијата со месо од диви животни, но се очекува наскоро да донесе закон со кој јасно се ограничува кое месо може да се користи, а кое не.

Засега, Министерството за земјоделство објави список на дозволено месо, а на неа се наоѓаат свинско месо, пилешко, кравјо и овчо месо, и дозволи употреба на месо на одредени видови на елен, алпаки и ноеви, јави Си-Ен-Ен.
На продавачите им е дозволено да донесат на пазарот два вида лисици, ракуни и зајаци, но нивното месо не смее да се конзумира. Засега, Министерството не споменува животни за кои се претпоставува дека се преносители на коронавирусот, како лилјаци, цивити и пангоини.
Немаше кучиња на списокот, со што организацијата за заштита на животни на некој начин победи во повеќегодишна битка за забрана за убивање на кучиња заради месо.
Списокот ќе се ажурира и граѓаните имаат право да поднесат жалба до 8-ми мај.