Рама: Албанија и Македонија не треба да бидат во пакет на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „БНТ“ порачал дека Албанија и Северна Македонија не треба да бидат разгледани како пакет на нивниот пат кон ЕУ.

„Се разбира, не заборавив дека имавме момент на расправија, спор. Но, ова беше многу специфичен случај во многу специфичен момент. Тоа немаше никаква врска со корените, со длабочината на нашите односи“, рекол Рама во интервјуто за тоа какви се моментално односите меѓу Албанија и Бугарија.

Запрашан дали повеќе би сакал да бидат оценети според сопствените заслуги и да не бидат заедно со Македонија на патот кон ЕУ или, пак, би сакале да одат како пакет, Рама одговорил:

„Но во тоа време, како што се сеќавате, разделувањето не беше опција. Затоа што не одлучувавме ние, туку Европскиот совет. Тоа ја направи нашата ситуација прилично загрижувачка, а нашата позиција доста отежната. Денес мислам дека нашите патишта природно се разделија. Затоа што од моментот кога една земја ги започнува пристапните преговори, нејзиниот пат зависи од нејзините заслуги, не од политиката или геополитиката. Барем така е на хартија. Сепак знаеме дека понекогаш, но и сè повеќе, тоа ​​што е напишано на хартија не се случува во реалноста. Но, не гледам причина повеќе да бидеме заедно. Секој има свој пат“, кажал меѓу другото Рама за бугарскиот медиум.

Слични содржини