Рама и Тачи требаше да се сретнат со лидерите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Демократската партија на Албанците (ДПА), Али Ахмети и Мендух Тачи, за да изразат поддршка во напорите за подобра соработка на албанските партии во Македонија и да и дадат поддршка на ДУИ и Али Ахмети.
Во Куманово во саботата избувна престрелка меѓу група вооружени лица и полицијата, која траеше во текот на целиот ден. Во крвавиот инцидент беа убиени 8 полицајци, а 37 беа повредени.
Иако официјалните изјави на властите дека станува збор за терористичка група, локалното население од Албанци и Македонци се сомнева во тоа и сметат дека крвавата трагедија е монтирано дело на луѓе кои сакаат да одиграат на етничката карта и меѓуетнички судир.