Рама изненаден од нереагирањето на ЕУ во врска со изјавата на Додиќ

од Radmila Tasevska
398 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше во врска со изјавата на шефот на Република Српска, Милорад Додиќ, кој предлага создавање „српски свет“ со вклучување на Косово, Србија, Црна Гора и Република Српска, јави Топ Чанел.

Рама преку објава на „Х“ (порано Твитер) наведува дека поминале три дена од опасните изјави на Додиќ и се уште нема реакција од европските партнери, додавајќи „морам да признаам дека сум изненаден“ и изразува надеж дека „тишината ќе биде прекината што е можно поскоро“.

-Поминаа три дена од опасните и поттикнувачки изјави против Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Морам да признаам дека сум изненаден од досегашното нереагирање од нашите партнери во ЕУ и искрено се надевам дека овој молк ќе се прекине што поскоро!“ – пишува Рама.

Телевизијата наведува дека како одговор, претседателот на Црна Гора, претходно, остро ја осудил изјавата, додавајќи дека патот на Подгорица е кон ЕУ.

Слични содржини