Рама: Ќе продолжам да ги бранам Албанците во Македонија

од desk2
67 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама за албанските медиуми изјави дека ќе продолжи да ги брани Aлбанците во Македонија. Kако одговор на обвинувањата што му ги упати руската амбасада за изјавата дека неговата партија овозможила усвојување на Законот за употреба на јазиците во Македонија, вели дека тој се гордее кога го обвинуваат за заштита на Албанците.

„Ние немаме скриени агенди. Нашите агенди се јавни и кога има високи температури со соседите, спроведуваме нова надворешна политика која има дигнитет, и тоа без разлика дали сме мала земја или не бидејќи на маса сме рамноправи“, изјави Рама.

Во врска со одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците, Рама вели дека не е изненаден.

„Би бил изнанаден ако тој го потпишеше Законот. Но, тоа не го запира Законот да биде закон“, истакнува Рама.

Медиумите во Тирана оценуваат дека ова е одговор на албанскиот премиер во врска со острите критики од Русија за изјавата на Рама дека неговата Социјалистичка партија и владата овозможија усвојување на Законот за јазиците во Македонија./Makfaks