Премиерот на Албанија, Еди Рама, за „Euronews Albania“ изјави дека Косово има можност да ги искористи можностите кои се дадени за да ја принуди Србија да го прифати француско-германскиот план, што би значело, како што наведе, отворање на иден пат за Косово кое сите ќе го признаат и кое ќе го заземе своето место во Обединетите нации.
Рама смета дека Косово на маса ја има најдобрата можна понуда за својата иднина.
„Француско-германскиот план е на маса. Ние, Албанците, сме првите заинтересирани страни, кои мора да го истуркаат до крај, инсистирајќи овој голем потенцијал на сојуз и пријателство со евроатлантската заедница да се искористи за да се принуди Србија да се прифати француско-германскиот план, а кој практично значи конечно отворање на идниот пат за Косово кое сите го признаваат и кое седи на негово место во Обединетите нации“, рече Рама.
Тој изјави и дека не може да го разбере премиерот на Косово, Албин Курти, поради ситуацијата што настана со Косово и претставниците на меѓународната заедница.
Рама посочи дека француско-германскиот план не може да остане таму засекогаш и дека Курти не може сам да ја добие оваа дипломатска битка како Дон Кихот.
„Албин е личност која ја ценам, пријател кој го почитувам, но во овој случај тој е премиерот на Косово кого не го разбирам“, рече Рама.