Рама: Русија го злоупотреби правото на вето во случајот со Косово

од Vladimir Zorba

Албанскиот премиер Еди Рама ја обвини Русија за злоупотреба на правото на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации во случајот со Косово.

Тој изјави дека Русија го злоупотребила ветото, обидувајќи се да го искористи како преседан, пренесе Репортер.

„За жал, злоупотребата на правото на вето го држеше овој Совет за безбедност како заложник, но не го премолчи, како што можеме да видиме овде на овој состанок“, рече Рама на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.

Слични содржини