Рама: Се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија

од Берта Китинска

Ние повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото, и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел, изјави премиерот на Албанија Еди Рама на панел на Првиот Економски форум во Скопје на кој учествува и премиерот Зоран Заев коментирајќи го неупсхехот вчера на ЕУ да испорача почеток на преговори за Скопје и Тирана.

– Но, за мене ова не е чекање, едноставно треба да продолжиме да го правиме истото, да одиме напред и не само да се потпираме на тоа што го кажува Брисел, меѓутоа да се потпираме на самите себе, на нашата сопствена енергија да направиме максимум со цел да ги споиме мисиите во една мисија, народите во еден народ, земјите во една зона каде што нема да има ограничувања на соработката, рече Рама.

Според него, по решавањето на спорот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор, сите имаат право да се чувствуваат фрустрирано од блокадата која, овој пат, доаѓа од Бугарија.

-Сите имаат право да се чувствуваат целосно фрустрирани затоа што одеднаш сега се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате, рече на шега Рама.

Слични содржини