Рама: Срамно однесување на Бугарија кон С. Македонија

од Nikola Popovski
251 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“ прокоментирал дека „начинот на кој Бугарија се однесувала кон Северна Македонија бил срамен“.

„Софија повеќе нѐ подели, отколку што нѐ обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега. Нашето трпение е неисцрпно на оваа тема, бидејќи немаме друг избор. Навикнати сме на тоа“, рекол Рама околу отворањето на преговорите со ЕУ, пренесува „АБЦ Њуз“.

Рама додал дека за помирување на косовските Албанци и Србите ќе биде потребно време и потребна е визија и политичко лидерство за да се поттикне тој процес.

Тој оценил дека процесот на помирување на Албанците на Косово и Србите е „пат од кој нема враќање“.

„Ние сме еден народ, иста крв и зборуваме ист јазик, но живееме во две земји. Помирувањето на Косоварите и Србите ќе трае. Но, кој можеше да замисли дека за само неколку години по Втората светска војна, Германците и Французите повторно ќе бидат блиски партнери“, нагласил тој.

Слични содржини