298
„Одењето на претседателот Пендаровски во Рим, на премиерот Заев во Брисел и Мадрид и дипломатската турнеја на Османи, покажа дека успеавме да ги размрдаме одговорите на челниците на ЕУ, затоа што со нивните настапи им дадоа до знаење на европските земји дека имаат една задача“, вели политичкиот аналитичар, Исмен Рамадани за емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.
Според него, неочекувано било што Португалија излегла со таков логичен и добар предлог.
„Верувам дека на 23-ти јуни ќе се крене рампата преку тој предлог, со тоа што дефинитивно ЕУ и Бугарија ќе се повлечат од прашањата за идентитетот и јазикот“, смета Рамадани и потенцира дека кодифицираниот јазик уште повеќе ќе го утврди идентитетот.