Рамадани за „Локално“: Пратениците на „огнената група“ нема да предизвикаат ново парламентарно мнозиство

од Destan Jonuzi
211 прегледи

Т.Н „Огнена група“ на незадоволните пратеници и функсионери на ДУИ нема да предизвикаат ново парламентарно мнозиство, смета политичкиот аналитичар Исмет Рамадани. Според него тие ќе го изразат своето незадоволство во рамките на нивните капацитети, но никогаш нема да преземат дејствија што одат на полза на една опозицијата што има тенденција да го попречи патот на Македонија кон членство во ЕУ.

– Дејствијата на двете антизападни политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“ веќе подолго време се обидуваат да предизвикаат парламентарни кризи. Ваквиот начин на постапување е деструктивен, го забавува процесот на носење закони, но не можат го промени евроатлантскиот дискурс на парламентарното мнозинство, заедно со партиите на Албанците што се во опозиција. Ако се мисли дека пратениците на ДУИ кои се со таканаречената „огнена група“ ќе создадат друго мнозинство, тоа не може да се случи, тие ќе го изразат своето незадоволство во рамките на нивните капацитети, но никогаш нема да преземат дејствија што одат на полза на една опозицијата што има тенденција да го попречи патот на нашата земја кон членство во ЕУ, изјави Рамадани за „Локално“.

Затоа, додава тој, сегашното парламентарно мнозинство ќе остане стабилно и можеби надополнето со секој пратеник кој не сака да се поистоветува со антиевропска квалификација и инхибитор на евроатлантската иднина на Севрна Македонија.

Д.Ј.

Слични содржини