Рамковниот договор за железничка линија меѓу Белград и Приштина ќе биде потпишан утре

од Aleksandar Petrovski
133 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека утре во Минхен ќе биде потпишан Рамковен договор за железничкиот сообраќај меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ по состанокот со претседателскиот претставник на САД, Ричард Гренел изјави дека договорот ќе биде потпишан утре изутрина од директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ и истакна дека договорот е од големо значење бидејќи ќе овозможи слободен проток на луѓе и стоки.

– Ќе го направиме тоа по правила и процедури. Кога ќе се воспостават железничката и авионската линија како и автопатот ќе се воспостави и слободното движење на луѓето и робата и затоа е важно укинувањето на таксите за роба од централна Србија, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека е благодарен на Гренел бидејќи инсистира на укинување на царините.

Слични содржини