243
Никогаш не може да се избришат страдањата на Емел Рамковска и нејзиното семејство кои поминаа долги години зад решетки. Емел помина шест години во затвор, од кои првите години ги помина во крајно сурови услови во злогласниот притвор во Шутка. Во тоа време, судијката ѝ „пресуди“ да не ги гледа своите деца цели 28 месеци.
Поради сериозно нарушеното здравје во притворската изолација од светот и од нејзините две деца, таа повремено била лекувана во здравствените установи низ главниот град. Тоа била „среќна“ околност, бидејќи така успеала да си ги види децата в болница, пренесува Цивил Медиа.