Рамос преговара со Бока

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и шпанската репрезентација Серхио Рамос може да ја продолжи кариерата во Бока Јуниорс, пренесе „Релево“.

Според информациите, 38-годишниот Шпанец преговара за преселба во аргентинскиот гигант.

Рамос е слободен играч од јули откако му истече договорот со Севиља. Дефанзивецот претходно настапуваше за ПСЖ и Реал Мадрид.

Рамос има 23 гола на 180 натпревари за шпанската репрезентација. Тој се повлече од репрезентацијата минатиот февруари.

Слични содржини