Рамуш Харадинај e за иницијативата за формирање на косовска војска

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамуш Харадинај, ја поздравил иницијативата за формирање на косовска војска, пренесуваат српските медиуми.

Според косовскиот политичар, Косово требало да добие војска уште пред многу години. „Зошто да не, секој чекор е добредојден. Но војската можеше веќе да биде оформена двапати досега во минатото, врз правна и уставна основа“, порачал Харадинај.