Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ е една од најкоментираните фигури во политичкиот живот во Северма Македонија.
Често е жртва на жестоки напади и говор на омраза од најразлични страни, бидејќи од почитувана партиска функционерка, лидерка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, падна во немилост на сегашното раководство на опозициската партија.
Рангелова зборува за заложбите за родова еднаквост, предизвиците на жената во политиката и во партијата, како и за актуелните теми поврзани со изборните реформи и активностите на ВМРО-ДПМНЕ, за Иницијативата за исполнување на квотата од 50% жени во парламентарниот дом.
За предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за изборни реформи е 120 изборни единици, Рангелова смета дека тоа и изгледа многу комплицирано
– Јас сум изненадена од изјавата. Прво, не е комуницирано со пратениците, но не прв пат. Очекувам дека не е ни последен пат, одлуките да се носат во мал круг на луѓе во партијата. Не се отвори ниту дебата дали ние како пратеници, кои на крај треба да го притиснат копчето, ќе можеме да кажеме дали навистина треба да има мнозински модел од 120 единици. Не сум експерт во оваа област, но 120 изборни единици ми изгледа многу комплицирано. Во 1998 година имало некој комбиниран модел, 85 изборни единици биле со мнозински модел и35 пратеници се бирале со пропорционален модел. Ова се покажало дека не е добро за нашето општество. Кога е мнозински модел има директна конфронтација на луѓето во локалните места. Јас сум изненадена бидејќи мнозински модел бираат оние што се на власт и луѓето кои имаат влијание. ВМРО-ДПМНЕ сега има многу малку градоначалници. А тие се оние што имаат влијание во нивните средини. Тогаш партиите на власт бараат мнозински модел за да го искористат нивното влијание, вели Рангелова.
Целото интервју погледнете го на Цивил.мк.