Рангелова: Неправедно е после влогот кој што го дадовме повторно да бидеме во чекалната ЕУ

од Берта Китинска
309 прегледи

Во моментов она што се случува од страна на Република Бугарија мислам дека е многу непринципиелно кон нашата држава, заради тоа што еден ден не негираат, не провоцираат, потоа друг ден донираат и тоа е многу непринципиелно за држава која што вика дека ни е братска, пријателски настроена. Мислам дека неправедно е нашата држава, после влогот кој што го дадовме со промената на нашето уставното име, да биде пак во чекалната пред портите на Европската унија, вели за Утрински брифинг, екс пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Таа вели дека Договор за добрососедски односи треба да биде почитуван од двете страни, што сега се гледа дека нешто се случува и треба да одговорат што е причината.

-Доколку потпишам Договор јас конкретно би се држела за рокови, тоа е најважно и со јасни и концизни работи што треба, односно кои обврски треба да ги исполнат и едната и другата страна во Договорот. Во моментов она што се случува од страна на Република Бугарија мислам дека е многу непринципиелно кон нашата држава, заради тоа што еден ден не негираат, не провоцираат, потоа друг ден донираат и тоа е многу непринципиелно за држава која што вика дека ни е братска, пријателски настроена. Мислам дека неправедно е нашата држава, после влогот кој што го дадовме со промената на нашето уставното име, да биде пак во чекалната пред портите на Европската унија. Но јас мислам дека не е толку проблемот идентитетот или признавањето на македонскиот јазик, туку се изборите кои ја очекуваат Република Бугарија на пролет, изјави Рангелова.

Слични содржини