Рангелова: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде чекор напред, Мицкоски прави некоја авантура

од Берта Китинска

Во една состојба кога државата се наоѓа во криза потребно е да се побрзо и да се формира новата валда.Не верувам дека не се знае кој ќе биде во новиот состав, вели Даниела Рангелова, поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Студио 10 на ТВ24

-Мицкоски немаше потреба сега да прави парламентарно мнозинство иако  ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, убедливо победи. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие чекор напред, Мицкоски наоѓа изговор, ќе направи некоја авантура, за пак да се книжи за доброто на СДСМ. Мислам дека тоа е политичко неискуство. Не ми се допаѓа што Мицкоски и Заев имале средба зад затворена врата. Комуникацијата треба да е во интерес на граѓаните, не за лични интереси. Сама се повлеков од партијата, не ни сакам да одам, ниту сум пожелна во партијата, вели Рангелова.

Слични содржини