Рангирање на институциите: Владата и Одбрана најтранспарентни, Арачиново и Зелениково последни

од Nikola Popovski
280 прегледи

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена само за 3 процентни поени (од 73 % на 76%), покажува годишното рангирање на институциите кое го прави Центарот за граѓански комуникации. Во рангирањето биле вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Својата активна транспарентност годинава ја подобриле 54 % од институциите, за разлика од лани, кога се подобриле 81 % од институциите.

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 %, а на општините 74 %. За разлика од лани, министерствата се подобриле за нецел процентен поен, а општините за 4.

Како и лани, и годинава само две институции, Министерството за одбрана и Владата, имаат по максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

Две општини, Велес и Гевгелија, се наоѓаат на третата позиција, со високи 99 % исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност.

Како што објавија од ЦГК, меѓу општините и институциите со најмала транспарентност се општините Зелениково, Лозово и Арачиново.

Слични содржини