Рангник: Во Ливерпул има шест мои поранешни играчи и тоа не е случајно

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник знае каков предизвик го чека утре кога неговиот тим гостува кај Ливерпул. Германецот зборуваше за својот сонародник Јирген Клоп, кого го познава долго време, како и за состојбата на Бруно Фернандеш, кој доживеа сообраќајна несреќа.

„Како што кажав по натпреварот со Норвич, мора да бидеме покомпактни, мора да го најдеме вистинскиот баланс помеѓу поседот на топката и нашата работа во одбраната. Покомпактни, поагресивни. Ова мора да го покажеме утре против еден од најдобриот, можеби најдобриот тим. Иако за многу луѓе сме веројатно аутсајдери, знаеме дека ако го подигнеме нивото, можеме да играме многу силно и тогаш ќе имаме шанса за три бода. Ова е амбицијата и нашата цел за утре“, рече Рангник.

Германецот објасни дека Бруно Фернадеш е добро физички: „Тој тренира со тимот. Несреќата се случи на пат кон Карингтон. Колку што знам, нема повредени. Тој е добро и ќе биде добро за утре. Варан беше на тренинзите, но тој тренира сам. Ситуацијата е иста и за повредените играчи“.

Од неговите зборови е јасно дека нема да може да се потпре на Фред, Скот МекТомни, Лук Шо и Едисон Кавани кои се повредени.

Рангник зборуваше и за Јирген Клоп: „Тој е еден од најдобрите, веројатно најдобриот тренер. Не само сега, туку и во последните неколку години. Не случајно се случи тоа. Ги донесе вистинските играчи, се ослободи од други. Затоа се таму каде што се. Не можам да кажам какво влијание имав врз овие играчи, но во голем клуб како Ливерпул има шест играчи со кои сум работел. Се работи за слични идеи за фудбалот Јирген и јас се знаеме долго време. Знам како сака да игра. Фактот дека има шест поранешни мои играчи не е случајност“.

Слични содржини