„Рано е да се прогласи победа на четвртиот бран“: Делта сојот доминира во Македонија

од Берта Китинска
279 прегледи

Охрабруваат новите бројки на ново дијагностицираните во смисла на тоа дека опаѓаат, но сепак многу рано е да прогласиме победа на четвртиот бран вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Последната анализа беше дека две третини од сите случаи, од направениот скрининг, се препишуваат на делта сојот.Следната недела треба да излезе новата анализа која ја прави Институтот за јавно здравје и лабараторијата на МАНУ. Тоа што е битно е без разлика дали пациентите се заразени со едниот или другиот сој правилата за вакцинација остануваат исти, истакна министерот Филипче.

Тој напомена дека  се поставени општи мерки заради тоа што анализите за бројот на деца кои прележале ковид 19 може да биде згрешен поради лесна настинка која може да не бида пријавена.

– Дозволете да повикам на масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, за да се заштитат семејствата, рече Филипче.

Тој напомена дека состојбата во болниците и натаму е иста.

-Со преполнети капацитети во моментов функционираат болниците во Тетово и Гостивар, нешто слично и во Кичево и Струга, од кадешто преку систем на координација секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација се сместува и со транспорт се пренесува во Скопје, изјави министерот.

Досега во земјата се направени вкупно 1.130.975 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 172.657, бројката на оздравени пациенти е 153.640, на починати е 5.782, а бројот на активни случаи изнесува 13.235.

Слични содржини