Рано утрово опожарен автомобил во Аеродром

За случајот е запознаен јавен обвинител, а увид е извршен од страна на екипа на СВР Скопје

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

На 22.02.2026 година во 04.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Општина Аеродром настанал пожар на патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.А.(48) од Скопје.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

За случајот е запознаен јавен обвинител, а увид е извршен од страна на екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на  случајот.