Раперот Б.о.Б. собира пари за да потврди дека Земјата е рамна плоча

од desk2
100 прегледи

Американскиот рапер Б.о.Б. почна да собира пари за да лансира сателит и со тоа да добие потврда дека Земјата е рамна плоча.

Раперот чие име е Боби Реј Симонс Џуниор е еден од застапниците на теоријата дека Земјата е рамна, јави Би-Би-Си.

Приврзаници на таа теорија тврдат дека НАСА ги чуваат рабовите на светот за да спречат да не паднат луѓе. Б.о.Б. кој си се нарекува и Flat Earth Bob на сајтот GoFundMe сака да собере 200.000 долари.

До денес собрал 671 долар.