Расчистен е случајот со лицето кое помина на патарина, покажувајќи легитимација

од Nikola Popovski
348 прегледи

МВР денес објави дека Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видето објавено на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

„Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок. М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите“, велат од полицијата.

На објавеното видеото, се гледа како возач, наместо да плати на патарина, ја вади легитимацијата и минува без проблем на наплатната рампа на автопатот Скопје – Гостивар.

 

Слични содржини