Рашфорд и Јунајтед конечно ги приближуваат позициите

од Vlatko K
118 прегледи

Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и младиот Маркус Рашфорд тргнале во позитивна насока,
вели „Експрес“. 21-годишниот напаѓач без сомнение е најголемиот талент кој школата на „црвените
ѓаволи“ го произвела во последно време, но од почетокот на годината не можеше да постигне

разбирање со одборот за продолжување на договорот.

Од Манчестер по секоја цена сакаат да го обнови договорот, бидејќи во својата сегашна верзија
завршува на крајот од сезоната 2019/2020. На крајот на минатата сезона, која воопшто не
еволуираше според очекувањата и Јунајтед остана надвор од Лигата на Шампионите, Рашфорд
јавно посочи дека очекува гаранции за промена во размислувањето и однесувањето на клубот.

Се вели дека токму тоа е причината за бавното напредување во преговорите, бидејќи играчот не се
интересира толку многу од големината на својата нова плата. Рашфорд има 45 гола во 170
официјални натпревари за тимот од „Олд Трафорд“, а 13 од нив беа во последната кампања.