Рашфорд покажа среден прст кон навивач на Јунајтед?

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е обвинет дека направил непристоен гест кон поддржувач на тимот откако во вторникот вечерта испадна од Лигата на шампионите. На социјалните мрежи има видеа и фотографии, а според многумина, фудбалерот покажува среден прст. Сепак, самиот Рашфорд тврди дека тоа е неговиот показалец.

Незадоволни од поразот на Атлетико, навивачите на „црвените ѓаволи“ ги чекаа играчите пред стадионот. Еден од нив почна нешто да му зборува на Рашфорд, по што се виде како англискиот репрезентативец крева еден од прстите високо.

„Секоја приказна има две страни“, објасни самиот Рашфорд. „Видео може да сугерира многу работи, а во овој случај на социјалните мрежи е споделена лажна информација. Луѓе, со недели ми се закануваат, а вечерва преовладуваа емоциите. И јас сум човек. Читањето и слушањето такви работи почнува да ви тежи секој ден. Нема поголем критичар на мојата игра од мене. Но, она што не го знаете за видеото е контекстот. (…) Се разбира, морав да поминам и да не обрнувам внимание, затоа што е така, нели? Но, сакам да појаснам две работи: првата е што точно му кажав на човекот кој ме навреди. „Дојди овде и кажи ми во лице“, беа моите зборови; а второто е што со показалецот му викам да дојде да ми го каже сето ова во лице. Не замавнав со средниот прст. Ова не е за него. Лут сум и разочаран. И тоа беше глупаво во тоа време, но и јас сум човек“.

Во меѓувреме, „Дејли мејл“ тврди дека Рашфорд ја напуштил Британија за да направи мала пауза и да ја ослободи тензијата.

Следниот натпревар на Манчестер Јунајтед е дури на 2 април.

Слични содржини