Рашфорд размислува да го напушти Јунајтед

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд размислува да го напушти клубот поради недостаток на простор во тимот.

Според британските медиуми, Рашфорд е незадоволен од својот статус меѓу „црвените ѓаволи“ откако Ралф Рангник стана тренер и сака да разговара со челниците на клубот за својата иднина.

Англискиот репрезентативец во домашниот шампионат играше во стартниот состав на само два натпревари од декември минатата година, а шест пати во игра влегуваше од клупата за резерви. Рашфорд има договор со Јунајтед до 2023 година, а клубот има опција еднострано да ја продолжи соработката на уште една сезона.

Постои опција според која 24-годишниот би чекал едноставно да му истече привремениот престој на неговиот сегашен тренер, но упатените тврдат дека младиот фудбалер повеќе ја претпочита опцијата да замине на лето во овој момент.

Многу зависи од тоа што, и уште поважно кога, „црвените ѓаволи“ ќе го изберат долгорочниот наследник на Ралф Рангник. Првите опции се Ерик Тен Хаг од Ајакс и Маурисио Почетино, кој моментално е во ПСЖ.

Слични содржини