Рашковски на нова функција во Владата

од Nikola Popovski

Откако синоќа Владата на седница го именува потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири за нов генерален секретар на Владата, поранешниот вршител на функцијата, Драги Рашковски се сели во нова канцеларија.

Според наводите на одредени медиуми, тој и во следниот период ќе биде секретар, но овојпат ќе контролира како се реализира владината програма, односно ќе ја врши функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите. Станува збор за нова функција, која е предвидена со измени во одлуката за формирање канцеларија на претседателот на Владата.

Одлуката вчера беше објавена во „Службен весник“, а со неа се предвидува и формирање на посебен секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите.

Исто така, треба да се формираат уште два нови секретаријати – за „комуникации“ и за „администрација“, со секретари и помошници на секретарите.

Слични содржини