Рашковски на прв академски час на Правниот факултет во Скопје

од Берта Китинска
208 прегледи

На првиот академски час на факултетот Јустинијан Први заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски и други професори успешна година на студентите им посака и Драги Рашковски, кој е професор на овој факултет.

Рашковски беше генерален секретар во Владата до објавувањето на аферата Софтвери, по што следуваше обвинение и судски процес за два тендери, како и исплата на хонорари од кои, според обвинителството, Рашковски еден дел зел за себе.

Случајот за Рашковски се оденсува на софтвер за сообраќајни прекршоци вреден 81 000 евра кој тој го набавил, иако ниедна институција ниту го барала ниту го користи, како и дека пред да го купи, како генерален секретар на Владата, тој лично развил таков софтвер за сообраќајни казни и го патентирал.

Рашковски тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити“, но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барало ниту планира да го користат софтверот за кој никој не го прашал.

Слични содржини