Рашковски: Обвинителство си допишува со моливче врз доказни материјали

од Vladimir Zorba
254 прегледи

„Да се потсетиме кои се “глосаторите”, станува збор за правници кои работеле во 12 и 13 век низ Италија, Германија и Франција. Глосаторите ја претставуваат лулката на јуриспруденцијата и заедно формирале училиште во кое разменувале мислења и ставови, но и пренесувале знаење на другите. Својата правна активност ја изразувале со пишување по маргините на старите римски правни текстови која активност понатаму ја продолжиле посглосаторите“, пишува својот редовен допис до медиумите Драги Рашковски, екс Генсек во македонската влада и обвинет за случајот „Софтвери” .

„VR и IT се “две технологии” кои се бават со глосаторство врз доказите во кривичната постапка. Колку и да се трудат “двете технологии” да се дистанцираат една од друга, функционално се природно споени помеѓу себе. IT технологијата својот најголеми подеми го доживеа токму благодарение на VR кога заедно ја создаваа Virtual Reality во која требаше сите да веруваме дека “борбата со вирусите е нивен главен мотив”.

Во последните неколку денови е забележано можно дистанцирање на едната од другата со зборовите “НЕ МОЖАМ ДА МЕСТАМ НЕШТО ШТО НЕ СУМ РАБОТЕЛА. ДРУГАТА ТОА ГО РАБОТЕШЕ”.

За што станува збор:

Пред 3 дена ми беше овозможен увид во доказниот материјал со кој на 16.04.2021 година беше определена мерката притвор кон мене. За момент се почуствував како да сум во Болоња, каде твореле глосаторите. На доказниот материјал, ни помалку ни повеќе со молив на маргините на печатениот доказен материјаl испишано со ракопис се допишувани имиња на личности, се допишани датуми, се допишани ставови различни од реалноста од други докази… се селектирани преку штиклирање делови за тоа “што е битно”.

Кривичниот законик е многу јасен во член 378 “Тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.” Исто така членот 380 од КЗ предвидува дека “Тој што како доказ во правниот сообраќај ќе употреби исправа, книга или спис за кои знае дека се невистинити, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.”

Допишувањето со молив на податоци кои не се присутни во вистинската исправа искористена за определување на притвор, не само што е исполнување на битието на делото од 378 од КЗ туку е и основ за низа други кривични дела кои се залепуваат редум.

Нема да можеме да се вадиме на Virtual Reality кога од Европскиот суд за човекови права ќе ги побараат списите од предметот и ќе увидат дека кај нас се допишува со молив во доказниот материјал и таков се приложува во суд. Таа дрскост и безобразие на “двете технологии” е плукање во лице на судството во кое тие се само една од странките во постапката. Тоа е максимално омаловажување на дигнитетот на судиите и омаловажување на останатите колеги кои уредно “пакуваат предмет”.

И како и за се до сега, така и за ова, не треба никој на никого да му верува на збор. Штом ќе ги добијам во копија, глосаторски и постглосаторски VR или IT технолошки модифицирани докази, ќе бидат споделени со јавноста со цел да мотивирам и други “корисници на услугите на овие технологии” да проверат дали процесот на глосаторство бил присутен и кај нив“, вели Рашковски.

Слични содржини