„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство“, вака поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, ги коментираше последните пишувања за него јавноста, со што најави дека си заминува од својата функција, Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата на С. Македонија.
Тој се надева дека лажните вести ќе престанат, затоа што според него, нивното негативно влијание не штети само лично.
Во пораката на Фејсбук, Рашковски напиша: „Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“.
„За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 32 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуачниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа“, пишува во оставката.
Во ДКСК отворени се предмети за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот кој Рашковски како генерален секретар на Владата го распишал без знаење на МВР. Се проверува и неговата имотна состојба која не е еднаква со пријавеното во неговиот имотен лист.