Рашковски за „Софтвери“: Сето ова што јас сум го напишал, ќе го напишеше и Илон Маск

од Nikola Popovski
150 прегледи

Системот за биометириска идентификација коишто ние го имаме направено во Владата е истиот оној за чија што реализација Велика Британија има потрошено 14 милиони фунти, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за случајот „Софтвери“, што се води против него и шест други лица.

Тој појасни дека иновативноста на неговото барање за патент е полициско возило да може да се движи и забележи предметно возило на една локација, а потоа истото возило ако биде регистрирано од друго полициско возило на друга локација, врз основа на тоа да се одреди просечна брзина на движење.

Со техничките спецификации што се барале во тендерот, според Рашковски, не се феворизирал никој бидејќи таа била направена така што „немате некои посебни ограничувања и не треба да се има какви било познавања за да се направи“.

-Да му кажеме на Илон Маск: напиши ни техничка спецификација за софтвер за определување просечна брзина, ќе ни ја напише истата, сето ова што јас сум го напишал. Не е направено да ограничува ниту со техника, ниту со технологија, ниту со програмски јазик или што било, рекол Рашковски.

Според него, доколку се изреализирал до крај системот за контрола на сообраќајот ќе се спаселе 20 односно 50 отсто од жртвите и две третини од повредените.

– Не сакам да звучи морбидно, меѓутоа многу од сообраќајките за коишто се изнаслушавме деновиве, да дозволеше Обвинителството целиот процес да го истераме и да не тераше ништо на сила, се со цел да задоволи нечие его, до сега тој систем ќе беше во многу понапредна фаза на реализација, изјавил Рашковски.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Слични содржини