Рашковски заминува во домашен притвор

од Nikola Popovski
361 прегледи

Драги Рашковски, поранешен Генерален секретар на Владата, заминува во куќен притвор. Вишото јавно обвинтелство Скопје предлага да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра за да излезе од притвор.

Одлуката е донесена на денешната седница, а воопшто не е разгледувана гаранцијата која ја понудил Рашковски од скоро половина милион евра. Според информациите, Вишото јавно обвинителство се одлучило исто така да даде согласност за поблага мерка за Рашковски, а со тоа да даде согласност до Апелација.

Од Апелацискиот суд појаснуваат дека второстепениот суд одлучил дека на Рашковски ќе му ја заменат мерката притвор со куќен притвор, бидејќи покрај опасноста за бегство, се уште има опасност и за влијание врз сведоци.

Драги Рашковски е осомничен за набавка на софтвери. Според обвинителството за организиран криминал и корупција, преку јавните набаки кои тој ги спровел направена е штета врз буџетот од околу 180 илјади евра. Покрај тоа, тој е осомничен дека подолг период на хонорарен соработник во кабинетот му земал месечно по 300 евра од вкупниот хонорар кој изнесувал 800-тини евра.

Слични содржини