Ченинг Тејтум и Зои Кравиц раскинаа по три години врска, пишува магазинот People.
Тие се верија минатата година, но извори блиски до 44-годишниот актер и 35-годишната актерка тврдат дека на врската и дошла крајот.
Тејтум и Зои се запознале за време на кастингот за американскиот трилер Pussy Island. Тие почнаа да се забавуваат кога Тејтум доби улога во режисерското деби на Зое, трилерот Blink Twice.
„Ченинг е прекрасен човек. Тој ме смее и двајцата ја сакаме уметноста, сакаме да истражуваме зошто го правиме тоа што го правиме. Сакаме да гледаме филмови, да зборуваме за нив…”, изјавила актерката еднаш во интервју за GQ.
На почетокот на септември, актерот ја објави нивната последна фотографија на Инстаграм, на која се гледа како Зои лежи врз него.
На почетокот на минатата година Тејтум изјави дека не е сигурен дали некогаш повторно ќе се ожени.
„Не знам дали некогаш ќе го направам тоа повторно. Врските се тешки. Во бизнисот, навистина не се плашам да уништам ништо, но кога се работи за луѓето што ги сакам, навистина ми е тешко. Секогаш се трудам премногу“, рече тој.