📸 Се верија Ченинг Тејтум и Зои Кравиц: На раката на ќерката на Лени Кравиц блесна прстен

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер и миленик на жените Ченинг Тејтум и неговата колешка Зои Кравиц, ќерка на музичарот Лени Кравиц и актерката Лиза Бонет, одлучиле да ја официјализираат својата врска.

Ченинг и Зои првпат беа видени заедно во 2021 година, а набрзо потврдија дека се во врска.

Иако не сакаат јавно да се експонираат и не сакаат да зборуваат за нивната врска, извори блиски до парот за „Пипл“ изјавиле дека тие се верени.

Неодамна беа фотографирани како заминуваат од забава за Ноќта на вештерките, а многумина забележаа веренички прстен на раката на младата актерка.

Кравиц беше маскиран во Розмари Вудхаус од познатиот филм „Бебето на Розмари“, додека Тејтум беше маскиран во бебе.

Парот се уште не се огласил во врска со веридбата.

Слични содржини