Овен и Скорпија
Со Скорпијата и Овенот владее планетата Марс. Нивната љубов е насилна, со многу страст. И покрај тоа што имаат ист владетел, претставниците на овие знаци се премногу различни за да преживеат на долг рок. Овенот е поспонтан, брзо избувнува и експлодира, а неговата искреност може да биде неподнослива. Додека од друга страна, Скорпиите чекаат прилика да возвратат, но на лукав начин, што Овенот не може да го толерира.
Близнаци и Јарец
На почетокот ќе си го привлечат вниманието и ќе бидат интересни. Како што одминува времето, меѓусебното нервирање започнува до тој степен што нивната врска станува неподнослива. Јарецот посветува многу внимание на планирањето, прецизноста и редот, додека Близнаците се спонтани, разиграни, избрзани и често многу неодговорни. Едноставно тие се толку различни што по некое време раскинувањето на врската станува неизбежно.
Рак и Водолија
Ракот е длабоко емотивен и сака да се чувствува безбедно и заштитено, додека Водолијата е посветена на целиот свет. Ракот себично бара време и внимание од Водолијата, што почнува да ја нервира бидејќи има други приоритети. Во таа ситуација Ракот ќе биде повреден, а Водолијата ќе биде збунета. Ракот ќе се повлече во себе, а Водолијата тоа ќе го сфати како јасен знак дека треба да ја напуштат врската.
Девица и Стрелец
Стрелците се егоцентрични и сакаат да го прават она што им одговара во тој момент. Склони се да немаат план и да ги занемаруваат обврските за да уживаат. Девицата е токму спротивното, со неа се е испланирано, а нивните обврски се пред се. Таа е шокирана од каприците и авантурите на Стрелецот, па ќе се потруди да го заузда, што тој ќе го доживее како „гушење“ и контролирање на неговата слобода. Во таа ситуација единствено загарантирано е раскинувањето, поради непремостливи разлики.