ВМРО НП не е сигурна како ќе настапи на преттојните избори, но се тоа ќе биде искристализирано за некој ден. Најголемиот дел од нив сакаат да влезат во опозиционата десна колиција на Павле Трајанов

На последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија, се гласало за настапувањето на претстојните предвремени парламентарни избори.Извори на Либертас во партијата, тврдат дека на гласањето резултатот бил 5 гласа „за“ приклучување кон десен опозициски фронт, а имало 2 гласови „против“.
„Против“ гласале претседателот на партијата Љубчо Георгиевски и неговиот послушник Ламбе Арнаудов. Против бил и генералниот секретар Љупчо Балкоски, ама тој бил отутен не бил на седницата на ИК.
Либертас тврди дека по гласањето Георгиевски им се обратил на сопартијците, им рекол дека можат слободно да се приклучат на десниот опозициски фронт и слободно да ја користат партијата и печатите, но дека тој нема да биде дел од тоа. Тој им порачал и да не очекуваат од него да се појавува на митинзи, ниту било каде во кампањата, и да не очекуваат од него пари за финансирање на кампањата
Досега во Коалицијата за промени и правда се здружени Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО – Работничка партија. Во истата сакаат да влезат и ВМРО НП, а тука се договрени и Обединети за Македонија и Достоинство на Стојанче Ангелов.Во медиумите веќе почнаа кампањи на уривање и разединување на оваа колиција која .привлекува се повеќе истомисленици дека е мора да биде прекината приказната на црно бела слика само и само СДСМ или само ВМРО ДПМНЕ, и да се отвори пат за трета опција и дебаланс на овој монопол на владеење
Лидерот на Коалицијата за промени и правда Павле Трајанов не сакаше да коментира шпекулации и како ги наречне нечии ујрурми, но за ДС и коалицијата очекуваат напади и ваков тип на подметнувања за демек „расколи“ од сите страни, и што повеќе ги има, а ќе ги има, тоа ќе значи само доказ дека нашиот рејтинг расте, и дека сме во добра насока за демокраски промени на општеството.