Растат испораките на гас од Германија за Полска

од Vladimir Zorba

Протокот на гас преку гасоводот „Јамал-Европа“ од Германија до Полска продолжи да расте утринава, откако Русија ги прекина испораките за Полска и Бугарија, покажаа податоците на германскиот оператор „Гаскејд“, пренесува Ројтерс.

Физичките одливи на мерното место Малнов на германско-полската граница покажуваат проток на гас од Германија во Полска во волумен од 13.191.391 киловат часови (kwh/h) до 07.00 часот, во споредба со 12.742.545 kwh/h на полноќ. покажаа податоци.

Руски „Газпром“ објави во средата дека ја прекинува испораката на гас за Бугарија и Полска поради неплаќање гас во рубљи, што е најтешкиот одговор на Кремљ досега на санкциите воведени од Западот, пишува Ројтерс.

Слични содржини