Расте бројот на новозаразени, Кавадарци и Прилеп ковид жаришта

од Берта Китинска
170 прегледи

Дека нема простор за опуштање покажуваат најновите бројки за новозаразени и починати со ковид во земјава.

Според податоците на министерството за здравство денеска беа приајвени 19 починати лица и нови 415 нови случаи на ковид 19 од 2.549 тестирања.

Дневните статистики изминатите денови покажуваат дека најмногу заразени и активни случаи има во Скопје, Кавадарци, Прилеп и Охрид.

  • Скопје 43066, активни 2890
  • Кавадарци 3055, активни 446
  • Прилеп 5027, активни 437
  • Охрид 3101, активни 376

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека дури 50 отсто од тестираните примероци на Ковид-19 биле од британскиот сој.

„Се поголем е процентот, на тестираните примероци од јануари па наваму. Најновите бројки покажуваат дека 50 проценти од позитивните тестови припаѓаат на британскиот сој. Затоа сме внимателни со опуштањето, бидејќи на пациентите со овој тип на коронавирус почесто им е потребна хоспитализација, односно полесно се пренесува. Вкупно досега во Македонија се детектирани 30 мутации на коронавирусот“,изјави Филипче во Топ Тема.

Во болниците се лекуваат 375 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 375 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

-Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 636 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопштија од министерството за здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.

Слични содржини