Расте бројот на оздравени, новиот тип на ковид не е детектиран во земјава

од Берта Китинска
210 прегледи

Расте бројот на оздравени, се намалува бројот на новоинфицирани лица со коронависур во земјава.

Според последните анализи на МАНУ новиот британски сој на КОВИД-19 не е детектиран во земјава. Овие наоди се базирани на податоците од нивната лабораторија во периодот од јуни 2020 до 11 јануари 2021 година. Досега се анализирани близу 180 вирусни геноми, при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот. Од присутните соеви на вирусот, два се доминантни во нашата популација, присутни кај повеќе од 75% од пациентите, соопштија од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.

Слични содржини