Расте бројот на заразени лица со ковид 19

од Берта Китинска
485 прегледи

„Епидемилошката состојба бележи зголемување на новодијагностицирани случаи во земјава почнувајќи од периодот некаде пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностициарни случаи и минатата недела се зголемувал и е зголемен за 25 %“, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој водено додаде дека бројот на пациенти кои се хоспитализирани бележи раст, а во моментов има 518 хоспитализирани пациенти по долг временски период.

Министерот вели дека има доволно вакцини, а тоа е пресудно во борбата против вирусот.

Слични содржини