Расте бројот на заразени: Нови 293 случаи со ковид

од Берта Китинска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице .

Направени се 1.254 тестови преку: ИЈЗ-170, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-28, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–117, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-29, Биотек-106, Систина-49, лабораторија Лаор-7, Синлаб-3, Ремедика-14, Плодност-8, Генеа-8, Никоб Лаб-37, ВФВ Медикал-14, Ели МедикаПлус-14, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 462.

Досега во земјата се направени вкупно 2.085.639 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.794, бројот на оздравени пациенти е 304.341, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.126

Слични содржини