Во текот на изминативе денови во државата забележан е значителен пораст на бројот на новозаразени со ковид-19, а од неодамна присутен е и сојот омикрон и флорн.
Министерството за здравство пре еден ден соопшти дека во Македонија се евидентирани уште три случаи на двојна зараза со коронавирус и грип. Сојот омикорн е изолиран кај уште 33 лица.
-Има размислувaња дека бројот на денови за изолација треба да се намали и jас се согласувам со тоа. Новиот сој омикорн има полесна клиничка слика и брзо се шири и веќе е присутен во земјава.Комисијата за заразни болести можно е да одржи состанок во понеделник па таму да бидат изнесени ставовите на епидемиолозите, имунолозите, микробиолозите и останатите стручни лица,вели во изјава за „Локално“, д-р Виктор Исјановски.
Новиот вид на инфекција „флурон“ (комбинација на грип и ковид 19) кој денеска беше детектиран кај 26 –годишен пациент од Зајас кој се вратил од пат од САД, според Исјановски може да се рашири поради престојните празнични денови.
-Има шанси новиот вид на инфекција да се пренесе поради празниците кои се пред нас, луѓето сакаат да се дружат со пријатели.Едноставно нешто што може да се превземе е да се почитуваат основните препораки кои се дадени од министерството за здравство, обајснува директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје, додавајќи дека сите дози вакцини за сезонски грип кои биле доставени до нивната здравствена установа поради зголемениот интерес се веќе искористени и не се очекува да пристигнат нови количини.
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209.