Во Србија, од неделата е прогласена вонредна состојба . Во неа повеќе не работат градинките, училиштата и факултетите.
Рестораните и кафулињата ќе работат со скратено работно време, а забранети се собири на повеќе од 50 лица.
Според Телеграф, потврдено е дека уште 8 лица имаат коронавирус денес, што резултира со 65 лица заразени со коронавирус во таа земја.
23 се во болници, двајца се на респираторни машини, а останатите се во домашна изолација.