Расте бројот на заразени во Црна Гора – регистрирани нови 12 случаи на коронавирус

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Во Црна Гора, според пресекот во 18 часот, потврдени се уште 12 позитивни тестови на коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје.

Како што се наведува, новозаразените се од Рожаје (4), Подгорица (3), Будва и Цетиње по двајца и Бар – еден.

Во Црна Гора во моментов има 157 активни случаи на коронавирус, пренесува „Вјести“, претежно во Рожаје и Подгорица.

Според Институтот за јавно здравје, лабораториите ја завршиле анализата на 438 примероци.