Како што се зголемуваат тензиите низ светот по избувнувањето на конфликтот меѓу Хамас и Израел, шефовите на британското разузнавање размислуваат да го стават Обединетото Кралство во состојба на готовност поради (можен) терористички напад.
Според информациите до кои дојде порталот „Политико“ од луѓе запознаени со случувањата, официјалните лица размислуваат дали да го подигнат официјалното ниво на тревога на „критично“, што е максимална состојба на тревога.
Во моментов е на сила нивото на „значајна закана“, што, според владините дефиниции, значи дека нападот е „веројатен“.
Надградбата на две нивоа на „критично“ би значело дека разузнавачките и безбедносните служби сметаат дека нападот е „многу веројатен во блиска иднина“.
Конечната одлука се уште не е донесена, велат анонимни безбедносни извори на американскиот портал.